KoleNedelkovski.edu.mk

Признание од општинската организација на Црвениот крст - Велес

Признание од општинската организација на Црвениот крст - Велес

Crven_krst1 Crven_krst3

По повод 17-ти Март Ден на Црвениот крст на Република Македонија и ден на доброволното дарување крв на 16 март во салата „Бели Мугри“, пред голем број крводарители, членови и активисти на Црвениот крст, претставници на институции и организиации и други гости, беше одржана свеченоет на која беа доделени признанија на заслужни поединци и организации за постигнати резултати за унапредување и развој на крводарителството во 2010 година и на доброволни дарители на крв што во претходната година дарувале јубилејно 50-то, 75-то и 100-то дарување.

Од свое и од името на Општинската организација на Црвениот крст на присутните им се обрати и ги поздрави Претседателот на општинскиот и на Црвениот крст на Република Македонија д-р Милчо Трајков, а од името на граѓаните на Велес Градоначалникот Горан Петров. За постигнувањата на планот на крводарителството зборуваше д-р Љиља Поцкова претседател на секцијата за унапредување на крводарителството на велешкиот Црвен крст.
Благодарница за постигнатите резултати добија Погонот за шински возила „Велес“, Општинското средно стручно училиште „Коле Неделковски“ и Населбата Чашка, а за најдобар мотиватор и крводарител е прогласен Небојша Цветковиќ.
Свеченоста беше збогатена со културно уметничка програма во изведба на учениците од училиштето „Коле Неделковски“.

Crven_krst2

Фотогалерија: Крводарителска акција во ССОУ „Коле Неделковски“

Вие сте на: Home Признание од општинската организација на Црвениот крст - Велес