KoleNedelkovski.edu.mk

Опис на образовните профили со наставна програма за секој од нив

Машинобравар

Masinbravar


Што изучува:

По завршувањето на образовниот процес, машинобраварот е оспособен:

  • да чита и применува техничка спецификација;
  • да монтира, мери, пушта во погон и одржува машини, опрема и уреди;
  • да одржува и сервисира машинска, градежна, железничка и рударска механизација и опрема;
  • да изработува резервни делови и склопови;
  • да планира, изработува, инсталира, проверува и одржува хидраулични пневматски системи и инсталации;
  • да прилагодува, преправа, проширува и модифицира производна опрема.


Можности за вработување:

Машинобраварите можат да се вработат во претпријатија чија дејност е производство, одржување и монтажа на машини, машински елементи и опрема, во машинството, градежништвото, рударството и железничкиот сообраќај и во останатите производни претпријатија


Можности за продолжување на образованието:

Наставниот план овозможува брза преквалификација во рамките на струката како и напредување кон четиригодишно и потоа универзитетско, или пак специјалистичко образование.