KoleNedelkovski.edu.mk

Опис на образовните профили со наставна програма за секој од нив

Електротехничар за електроника и телекомуникации

Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?

По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:

  •     Вклучување и работа во производствениот процес (изработка на електронски компоненти, нивна дијагностика и контрола)
  •     Одржување на електронски уреди во индустриски, стопански и вонстопански дејности
  •     Ракување со уреди од радио и видео техника, со електронски уреди за обработка на сигнали
  •     Ракување и одржување на дигитални сметачи

Можности за вработување:

Електротехничарите за електроника и телекомуникации можат да се вработат во претпријатија чија дејност е производство, одржување и монтажа на електро - опрема, како и во било кое претпријатие кое има потреба од повремено или тековно одржување и сервисирање на електрични погони, електронски уреди и опрема, регулирачки и управувачки системи и апарати за домаќинство. Сметајќи дека електронското управување е дел од сите професионални уреди и машини тргнувајќи од најобичната машина за перење во домаќинството, ова е навистина голем простор во кој е детерминирана можноста за вработување и самовработување. Сите овластени сервиси на реномирани производители на електронска опрема нудат обука и вработување токму на овој профил на образован кадар.

Можности за продолжување на образованието:

Најсоодветни факултети за продолжување  на образованието се Електротехничкиот факултет  и сите технички факултети.


Вие сте на: Home Опис на образовните профили со наставна програма за секој од нив Електротехничар за електроника и телекомуникации