KoleNedelkovski.edu.mk

Опис на образовните профили со наставна програма за секој од нив

Електротехничар енергетичар

energeticarenergeticar2

Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?

По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:

  •     Правилна и одговорна употреба на електричните апарати и уреди
  •     Утврдување на дефекти на машините и уредите, нивна локализација и отстранување
  •     Утврдување на место на дефекти на кабелски мрежи и нивно отстранување
  •     Проектирање и пресметка на електрични инсталации
  •     Голем број на поспецифични работи што се бараат кај одделни работни места

Можности за вработување:

Со овој образовен профил, лицето може да се вработи во градежно проектантски фирми, фирми кој работат со дистрибуција и продажба на електроматеријали и опрема, фирми кои се занимаваат со одржување на електрични апарати и опрема, директно во производствени погони како лица на одржување на електрични апарати, уреди, инсталации, опрема и машини од различен вид. Можат да работат како дел од тимовите за монтажа и одржувањена лифтови и многу други места каде доменот е електро опрема. Овие лица преку дообука и лесно се вклопуваат во работата на телекомуникациски фирми, а претставуваат основен фундаментален човечки ресурс за  фирми кои се занимаваат со  производство и транспорт на електрична енергија. Сите овие фирми можат да бидат од  јавниот и приватниот сектор.

Можности за продолжување на образованието:

Најсоодветни факултети за продолжување  на образованието се Електротехничкиот факултет  и сите технички факултети.