KoleNedelkovski.edu.mk

Опис на образовните профили со наставна програма за секој од нив

Техничар за транспорт и шпедиција

transporttransport2

Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?

Организира  превоз на стоката со патен, железнички, воздушен и  воден сообраќај, царинско посредување, избира најсоодветна амбалажа за пакување на различни видови стока, избира најповолни превозни средства и патишта, посредува при осигурувањето на товарот, контрола на стоката, саемски работи, лизинг работи, консигнации, проверка на исправноста на документацијата.

Можности за вработување:

Со овој образовен профил, лицето може да се вработи во транспортни, сообраќајни и шпедитерски организации, стоково-транспортни центри, карго и контејнерски терминали, логистички центри, складишта и други организации од јавниот и приватниот сектор.

Можности за продолжување на образованието:

Најсоодветни факултети за продолжување  на образованието се Факултетите за царина и шпедиција, Сообраќајниот факултет, Економскиот факултет и останатите технички факултети.