KoleNedelkovski.edu.mk

Опис на образовните профили со наставна програма за секој од нив

Металостругар

metalostrugar

Што изучува:

Профилот металостругар им овозможува на учениците стекнување знаења и вештини за обработка на металите на металорезачки машини и добивање на предмети што се користат при конструкција на голем број производи. Практичната настава за овој профил учениците ја изведуваат во работилница опремена со голем број разновидни металорезачки машини.


Можности за вработување:

Учениците можат да се вработат во производните капацитети од металопреработувачката индустрија (Брако, Леов, Динамо Хит и др.)


Можности за продолжување на образованието:

Сродните профили на повисоко ниво (техничар за компјутерско управување, автотехничар мехатроничар, машинско-енергетски техничар, машински техничар за производство, специјалистичко образование од машинска и електротехничка струка).