KoleNedelkovski.edu.mk

Државна матура и завршен испит

Што е завршен испит ?

Завршен испит во средното стручно образование со четиригодишно трање

Овој испит е наменет за учениците од четиригодишното стручно образование кои не се определиле за државна матура. Целта на овој испит е добивање на сертификат за завршено четиригодишно средно стручно образование.

Завршниот испит се полага според посебни испитни програми кои се темелат на наставните програми за соодветните наставни предмети.

Завршниот испит во четиригодишното средно стручно образование опфаќа:

  • Задолжителен дел
  • Изборен дел и
  • Проектна задача

1.    Задолжителниот дел го сочинува еден наставен предмет:

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

2.    Изборниот дел од завршниот испит има за цел да ги провери стручните знаења и компетенции.

Овој дел го сочинува еден наставен предмет кој ученикот го избира од листата на стручни наставни предмети.

Листа на стручни наставни предмети од изборниот дел на државната матура и завршниот испит во стручното образование

А. Според наставни планови и програми што се реализираат од учебната 2005/2006 година.

СТРУКА: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА

Образовен профил: Електротехничар - енергетичар

Наставни предмети:

- Автоматика

- Електрични машини и погони

- Електрични апарати и уреди

Образовен профил: Електротехничар за електроника и телекомуникации

Наставни предмети:

- Дигитална електроника и микропроцесори

- Електронски склопови и уреди

- Телекомникациски склопови и уреди

Образовен профил: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Наставни предмети:

- Автоматика

- Програмирање

- Дигитални системи

СТРУКА: МАШИНСКА

Образовен профил: Автотехничар - мехатроничар

Наставни предмети:

- Технологија на моторни возила

- Електротехника

- Електроника

Образовен профил: Машински техничар

Наставни предмети:

- Автоматско управување и програмирање

- Возила и механизација

- Технологија на обработка

Образовен профил: Машинско - енергетски техничар

Наставни предмети:

- Хидропневматска техника

- Термотехника

СТРУКА: СООБРАЌАЈНА

Образовен профил: Техничар за транспорт и шпедиција

Наставни предмети:

- Комбиниран транспорт

- Технологија на патен транспорт

- Технологија на железнички транспорт

- Шпедиција и шпедициско работење

3.    Проектната задача од завршниот испит има за цел да ја провери практичната оспособеност на ученикот за вршење на работи од областа на струката.

Вие сте на: Home Државна матура и завршен испит Што е завршен испит ?