KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Конкурс „ВЕСЕЛИ И СМЕШНИ МАСКИ“

Почитувани наставници и ученици! Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ од Велес, има чест да Ви упати покана за учество на конкурс за изработка на креативна маска, организиран по повод христијанскиот празник Прочка (Недела на Проштевањето 10.03.2019г.). Мотото на овој конкурс е „ВЕСЕЛИ И СМЕШНИ МАСКИ“ Оваа година, нашиот конкурс го организираме во две категории: 1. Најдобар креатор на маска, кој својата техника ќе ја демонстрира на работилницата за креирање на маски, која се планира да се одржи на ден 07.03.2019 г. (четврток) во период од 11.30 - 13.00, во просториите на организаторот. Пријавувањето на оваа работилница, предлагаме да биде во вид на ЕКИПА (група) која би го претставувала училиштето исекоја екипа може да брои најмногу 5 ученика, со наставник ментор. Секое училиште може да пријави една или повеќе екипи. Материјалот за изработка на маската за време на работилницата, секој учесник си го носи според сопствената замисла. Организаторот обезбедува просторни услови за реализација на процесот на изработка. Во колку маската има одредени фази кои имаат подолг процес на работа, маската може да се доработи за време на работилницата, а дасе донесе на работилницата, како готов полуизработен примерок. Според желба на натпреварувачите, може преку видео материјал или фотографии, учесникот да покажекако течел процесот на изработка. Секој учесник, преку својот ментор, по потреба во колку сака по свој избор да се презентира, видео материјалот или фотографиите за процесот на изработка да ги достави на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 04.03.2019 г. (понеделник) ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ГРУПИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО РАБОТИЛНИЦАТА Е НАЈДОЦНА ДО 04.03.2019 г. ПРЕКУ НАСТАВНИЦИТЕ МЕНТОРИ НА ГРУПИТЕНА АДРЕСА: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Во пријавата наставникотментор да ги наведе: училиштето, списокот на ученици учесници во работната група, паралелка. Во колку е потребен некој дополнителен услов (на лице место) за демонстрација на изработката, да биде наведен во пријавата, со цел да се организраат условите од страна на домаќините на настанот. Основно во креацијата на маската е запазувањето на симболиката на традиционалните ликови, баба, дедо, доктор, актуелни во време на одбележувањето на празникот ПРОЧКА, но воедно на креацијата и оставаме и слобода на изборот на натпреварувачите. 2. Најдобра маска, креирана и изработена, може да се достави на конкурсот од секој ученик-автор преку својот наставник-ментор најдоцна до 04.03.2019 г. Изработените маски потребно е да имаат точна идентификација на авторот (училиште, име презиме и одделение/клас) и неговиот ментор. Истите ќе бидат изложени на ИЗЛОЖБАТА која ќе биде организирана на ден 07.03.2019 г. Во просториите на училиштето домаќин. Најдобрите примероци, нивните автори и ментори, ќе бидат наградени. Сите дела во форма на отворена арт изложба ќе бидат поставени на веб страната www.kolenedelkovski.edu.mk, facebook профилот на ССОУ „Коле Неделковски“ и facebook групите за меѓународна соработка на училиштето, а воедно ќе бидат изложени на изложбен простор во училиштето. Своите трудови можете да ги донесете лично или да ги пратите по пошта на следната адреса: ССОУ „Коле Неделковски“, ул. „Андон Шурков“ бр.4а, 1400 Велес, со назнака за конкурс „Весели и смешни маски“ најдоцна до 04.03 2019 г. Однапред благодариме! Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски” Велес
Вие сте на: Home Настани Конкурс „ВЕСЕЛИ И СМЕШНИ МАСКИ“