KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Прием кај Директорот на училиштето

priem-kaj-direktorot 15

Директорот на Училиштето, Г-дин Валентин Елисковски ги прими Шампионите во футсал на овогодинешната Гимазијада која се одржа во Прилеп. Дарко Митревски, Саздовски Никола, Јавашев Никола (Петарда), Леовски Игор, Перовски Тоше, Коцевски Стефан, Дураковски Анѓел, Мирчевски Дејан, Панов Далибор, Ален Плакиќ и професорот по спорт и спортски активности Леонид Таневски достојно го преставуваа училиштето и во многу јака конкуренција го освоија првото место во футсал. ЧЕСТИТКИ !!!

Повеќе...

УЧЕНИЦИТЕ ОД ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ ГО ОСВОИЈА ПРВОТО МЕСТО ВО ФУТСАЛ НА ГИМНАЗИЈАДАТА НА УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ИГРИ - ПРИЛЕП 2012

futsal-naslovna

Од 10 до 12 мај 2012 година, во Прилеп, се одржа осмата по ред Гимназијада на училишни спортски игри. Министерот за образование и наука м-р Панче Кралев е покровител на овогодишната Гимназијада – Прилеп 2012, заедно со Агенцијата за млади и спорт и градоначалникот и Советот на општина Прилеп. Министерството оваа година обезбеди спортска опрема за спортовите застапени на Гимназијадата.
За време на овогодишната манифестација на спортските натпревари во ракомет, кошарка, голем фудбал, футсал, одбојка, атлетика, и стреличарство како промотивен спорт, силите ги одмерија над 800 средношколци од Република Македонија. За најдобрите на оваа Гимназијада, како и за најдобрите од државните првенства за основните училишта, ќе бидат организирани училишни спортски летни кампови во втората половина на јуни во Охрид и Дојран.

Повеќе...

Подкатегории

Вие сте на: Home Настани