KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ „ЛИДЕР НА СТРУКА“

Во Министерството за образование и наука во Скопје, на 27 Април 2018 година се одржа свечено доделување на дипломи за државниот натпревар „Лидер на струка“–избор на најдобар ученик во струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија. Настанот беше одбележан со пригодно обраќање до присутните ученици, наставници, претставници од ЦСОО и МОН, на министерката за образование и наука Рената Дескоска, која ги додели дипломите. На ученикот Никола Стоименов од паралелката IV-5, образовен профил–Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, му беше доделена диплома за освоено I (прво) место на ниво на електротехничка струка на државно ниво. На настанот учествуваа и проф. Томислав Иванов, ментор во теоретскиот дел и проф. Никола Дечев ментор во практичниот дел, на кои им беа доделени дипломи за менторирање на ученикот и освоено I (прво) место. ЧЕСТИТКИ ДО УЧЕНИКОТ, МУ ПОСАКУВАМЕ И ПОНАТАМУ ДА ЧЕКОРИ ПО ПАТОТ НА УСПЕХОТ!!!
Вие сте на: Home Настани Настани СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ „ЛИДЕР НА СТРУКА“