KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

УЧЕСТВО НА XXXVII ДРЖАВНИ НАТПРЕВАРИ НА ЕЛЕКТРОМАШИНСКИ И СООБРАЌАЈНИ УЧИЛИШНИ ЦЕНТРИ

Денеска (04.05.2018) во АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје се одржаа XXXVII Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училишни центри од Р. Македонија. На овие натпревари учество земаа учениците од машнската, електротехничката и сообраќајната струка при ССОУ „Коле Неделковски“. Учениците се натпреваруваа во следните образовни профили: Техничар за компјутерско управување, Машински техничар, Машинско енергетски техничар, Автомеханичар, Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, Електротехничар енергетичар, Електротехничар за електроника и телекомуникации, Техничар за транспорт и шпедиција. Прво место освои: Иле Петровски од образовниот профил Техничар за компјутерско управување од машинската струка. Второ место освои: Сачко Ангеловски од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика од електротехничката струка. Со пофалници се здобија: Бојан Николовски од образовниот профил техничар за транспорт и шпедиција и Виктор Славевски од образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации. Честитки до сите ученици и ментори, учесници на натпреварите со желби за натамошни успеси !!!
Вие сте на: Home Настани Настани УЧЕСТВО НА XXXVII ДРЖАВНИ НАТПРЕВАРИ НА ЕЛЕКТРОМАШИНСКИ И СООБРАЌАЈНИ УЧИЛИШНИ ЦЕНТРИ