KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

  • Првиот наставен час за учениците од прва година и запознавање со новите класни раководители

  • Првиот училишен ден во ССОУ „Коле Неделковски“

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција. На натпреварувањето учествува околу 1000 средношколци од 56 екипи од средните училишта во државата. Во организација на натпреварите беа вклучени над 100 професори по спорт и спортски активности. “Гимназијада Тетово 2018” е одлична можност за социјализација на младите, но и можност за покажување на индивидуалните и колективните спортски квалитети. Во рамките на оваа Гимназијада учество зема и одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес во машка конкуренција. Екипата на нашето училиште беше составена од следните ученици и тоа: Филип Ајдаров 4-5 клас, Ѓоре Цветков4-4 клас, Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов и Даниел Тодоровски од 3-6 клас, Горан Славков 2-4 клас, Драган Кимов 2-5 клас, Тоше Јорданов 2-2 клас и Стојан Илчевски од 1-1 клас После натпреварите во групи екипата на одбојкаската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес обезбеди пласман во полуфиналните натпревари каде што после поразот од СОУ “Никола Карев од Струмица се бореше за третото место на турнирот со екипата на СОУ “Наум Наумовски – Борче“ од Крушево каде што со резултат од 2 : 1 во сетови (25 – 12, 16- 25 и 16-14) го освои третото место на Гимазијада Тетово 2018. Со овој пласман екипата на нашето училиште го потврди истиот пласман и во Државните училишни лиги на ниво на Република Македонија каде што и таму беше на трето место, а со тоа го докажавме квалитетот и континуираната работа со нашите ученици и поттикнувањето на интересот кај младата популација за активно учество во професионалниот и рекреативен спорт, како и заложбите за генерален развој на спортот во Република Македонија и поддршка на младите, за нивно правилно насочување и развивање во личности со изразен натпреварувачки дух и креативност. Ментор на одбојкарската екипа е професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев.
Вие сте на: Home Настани Настани Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово