KoleNedelkovski.edu.mk

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

Илија Илиевски и Сашко Ангелов учесници на Училишен спортски камп

Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово во организација на Федерацијата на училишен спорт се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада Тетово2018”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција. На натпреварувањето учествува околу 1000 средношколци од 56 екипи од средните училишта во државата. Во организација на натпреварите беа вклучени над 100 професори по спорт и спортски активности. “Гимназијада Тетово 2018” е одлична можност за социјализација на младите, но и можност за покажување на индивидуалните и колективните спортски квалитети. Во рамките на оваа Гимназијада од Велес учество земаа и одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес во машка конкуренција каде што го освои третото место на Гимназијадата. Составен дел од екипата беа и нашите ученици Илија Илиевски и Сашко Ангеловски од 3-6 клас, кои преку освоеното трето место на училишната екипа се стекнаа со право на учество на училишниот спортски камп “Охрид 2018” за основни и средни училишта во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија. Споменатите ученици од нашето училиште кои работеа под менторство на професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев ќе бидат дел од Училишниот спортски камп кои ќе се реализира во почетокот на месец јули 2018 год. во Охрид и истите ќе реализираат тренажен процес под менторство на врвни македонски спортисти во одбојка. Овој камп се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.
Вие сте на: Home Настани Настани Илија Илиевски и Сашко Ангелов учесници на Училишен спортски камп