KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

6-ти Меѓународен натпревар по англиски јазик „HIPPO 2018 - English without borders“

На 12 и 13 мај во Лидо Ди Јесоло, Венеција, се одржа финалето на 6-тиот Меѓународен натпревар по англиски јазик „HIPPO 2018 - English without borders“. На овој натпревар се тестираат сите вештини од англискиот јазик (writing, listening, reading, speaking) преку писмени делови, граматика, дискутирање на одредени теми, меѓусебни разговори со други учесници, работилници. Во многу голема конкуренција од почетни 22.000 натпреварувачи од 30 земји, со само 99 финалисти, успешно учество обезбеди Ангелески Теодор, ученик од паралелка I-6 од нашето училиште. Како единствен претставник од Р. Македонија во својата натпреварувачка група од 13 ученици во финале, постигна 6 место. Голем успех и многу големо искуство за нашиот Теодор. Му посакуваме уште многу успеси во иднина !
Вие сте на: Home Настани Настани 6-ти Меѓународен натпревар по англиски јазик „HIPPO 2018 - English without borders“