KoleNedelkovski.edu.mk

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ први во Општина Велес

Во организација на Сојуз на училишен спорт – Велес, во периодот од 24 до 26 октомври 2018 год. се реализираше општинската лига – одбојка (машки) во која што учество земаа сите средните училишта од Велес. Натпреварите се организираат во салата на ССОУ “ Коле Неделковски– Велес. Натпреварите ги судеше меѓународниот одбојкарски судија Орданче Амбарков. Организатор на натпреварите, а воедно и водач на училишната екипа беше професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев. Со победите над сите средни училишта со максимум освоени 6 бода училишната екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ го освои првото место во рамките на општинската лига во одбојка – машки. Екипа на ССОУ “Коле Неделковски ја сочинуваа следните ученици: Илија Илиевски , Сашко Ангеловски, Никола Зазов, Драган Кимовски 3-5 клас, Бобан Дукадиновски, Марко Игновски од 4-4 клас, Тоше Јордановски 3-2 клас, Илија Буковски4-1 клас, Димитар Ѓорѓиев 2-7 клас, Горан Славков 3-4 клас и Бојан Здравковски 2-7 клас. Резултати на одиграните натпревари: ССОУ “Коле Неделковски“ – СОУ “Јовче Тесличков“ 2 : 0 СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ – СОУ “Димитрија Чуповски“ 2 : 1 ССОУ “Коле Неделковски“ – СОУ “Димитрија Чуповски“ 2 : 0 СОУ “Јовче Тесличков“ – СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ 0 : 2 ССОУ “Коле Неделковски“ – СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ 2 : 0 СОУ “Јовче Тесличков“ – СОУ “Димитрија Чуповски“ 0 : 2 Табела 1. ССОУ “Коле Неделковски“ 6 бода 2.СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ 4 бода 3.СОУ “Димитрија Чуповски“ 2 бода 4.СОУ “Јовче Тесличков“ 0 бода

Вие сте на: Home Настани Настани Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ први во Општина Велес