KoleNedelkovski.edu.mk

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

Посета на зоолошка градина и музеј на современа уметност во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 26.10.2018 год. (петок) беше реализирана уште една заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ„Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ„ Наце Буѓони “ од Куманово. Учениците од двете партнер училишта заедно со одговорните наставници ја посетија зоолошката градина во Скопје, го посетија градскиот парк и Музејот на современата уметност. Целите се постигнаа: развивање позитивен однос кон националните, уметничките, научните и општокултурните вредности при посетата на знаменитости, другарување и поддршка, солидарност и подобро взаемно запознавање со учениците од партнер училиштето. При посетата на Музејот на современата уметност кој се смета за најкомпетентна и најзначајна институција во Република Македонија во откривањето, негувањето и ширењето на високите вредности што се создаваат во уметноста и културата на нашето време, учениците имаа можност да ги погледнат уметничките дела кои преку својата приказна, скриена слика или двојно значење успеаја да навлезат во светот на средношколците.
Вие сте на: Home Настани Настани Посета на зоолошка градина и музеј на современа уметност во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието