KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

  • Првиот наставен час за учениците од прва година и запознавање со новите класни раководители

  • Првиот училишен ден во ССОУ „Коле Неделковски“

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

Посета на металната индустрија „БРАКО“

 

Учениците од машинската струка, образовен профил автотехничар-мехатроничар во рамките на практичната настава извршија посета на металната индустрија „БРАКО“. Беа посетени: погонот за производство на машини за метење на градски центри, населби и патеки - „Green Machines“, погонот за конфекционирање (подготовка, кроење) на метални производи и погонот за производство на жичани производи. Фирмата „БРАКО“ постојано е отворена за нови, образовани, високо мотивирани и талентирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња. Работата во Брако значи да се биде дел од динамична работна средина и од амбициозен тим со големи можности за забрзан професионален развој и стручно усовршување. Доколку сакате да бидете дел од базата на податоци како потенцијал за вработувањата кои треба да следат во идниот период, испратете го вашето CV на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Вие сте на: Home Настани Настани Посета на металната индустрија „БРАКО“