KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

  • Првиот наставен час за учениците од прва година и запознавање со новите класни раководители

  • Првиот училишен ден во ССОУ „Коле Неделковски“

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

Поетски караван

Денес 7.11.2018 г. во Библиотеката при ССОУ „Коле Неделковски“ Велес во 10 часот се одржа „Поетски караван“ во чест на 51-те Рацинови средби. Учениците од 1-6 клас под менторство на Ивана Јанушева проф. по македонски јазик и литература, заедно со учениците од 2-7 клас под менторство на Мариче Стојанова, проф. по македонски јазик и литература беа присутни со свои литературни творби. Гости на Поетскиот караван беа Веле Алексоски и Атанас Крлевски. Поддршка со своето присуство дадоа проф. по македонски јазик и литература Горан Грков и проф. по француски јазик Никола Димовски. За само еден час, малку беше се да се каже, а задоволството на лицата од учесниците на овој настан, зборуваше дека литературниот и убавиот збор се концептот кој треба ја насочи иднината на нашите генерации кон вистинскиот избор. Се надеваме на уште вакви успешни средби и соработки со нашите реномирани Велешани изразуваме Благодарност за прекрасните моменти.
Вие сте на: Home Настани Настани Поетски караван