KoleNedelkovski.edu.mk

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

Посетата на Ветро паркот „Богданци"

Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.), беше организирана посета на Ветро паркот „Богданци", во сопственост на Електрани на Македонија. Во активноста учествуваа ученици од II - 8 , III - 7 и IV – 6 клас, од образовниот профил Електротехничар Енергетичар. Посетата е реализирана под менторство на: Директорот Боро Ристовски и Наставниците по електростручни предмети: Снежана Софијанова, Ѓоко Ѓоргиев и Даниел Здравевски . Голема благодарност до Електро инженерите на Електрани на Македонија: Г-дин Гоце и од SIMENS, Г-дин Петре, кои вложија голема енергија во исцрпната презентација на работата на ветро паркот. При тоа се запознавме со : • Начинот на изведба на целиот комплекс од 16 ветерници, техничките карактеристики, ограничувања, постапки и цени на чинење • Начинот на изведба и сите технички содржини на секоја ветерница пооделно. • Начинот на работа во дневниот дијаграм на Енергетскиот систем на Р. Македонија • Начинот на одржување на секоја ветерница, практични искуства, следење и одржување, протоколи и правила на опремата на производителот SIMENS, протоколи на лична заштита. • Начинот на функционирање на SKADA системот за следење на работата на ветро паркот • Ружата на ветрови и базата на податоци за 4 години од работата на ветро паркот. • Разводната постројка како целосен систем, со сите можности на транспорт на напон 690 V / 20 KV, 20 KV / 110 КV и функција во електроенергетскиот пренос. • Работа на Аку батеријата и функцијата на авотматиката на системот за контрола и развод на електричната енергија. • Системот на лична заштита и протокол на заштита во и околу разводната постројка Понесовме одлични искуства и огромно количество благородни информации.
Вие сте на: Home Настани Настани Посетата на Ветро паркот „Богданци"