KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“. Во киносалите на Cinplexx беа презентирани предавања на разни теми од физиката:  „За Нобеловата награда по физика за 2018 година“, Сузана Топузоски;  „Во светот на зрачењата “, Весна Гершан;  „Светот околу нас виден на различни бранови должини“, Љубиша Нешиќ;  „Дигање тегови и физика“, Лазар Раденковиќ;  „Серијата тектонски земјотреси од епицентралното подрачје Пештани‐Охрид‐Струга“, Драгана Черних;  „Фантастично патување низ светот на светлината“ , Ристе Попески‐Димовски. Во рамките на оваа Школа, од 14h до 18h (ходници на III кат) се реализира манифестацијата „Во светот на физиката“ како продолжение од настанот „Ноември – месец на науката“, кој започна да се реализира од 2016 год. со единствена цел актуелизирање на природните науки. Оваа манифестација опфати изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти од ученици од сите години и струки во средни училишта кои беа од отворен тип и беа посетени од голем број на граѓани од сите генерации кои ја сакаат науката. Од нашето училиште со експеримент со наслов „Корелација меѓу физиката и хемијата“ настапи ученичката Ребека Манева од паралелка 1-6 под менторство на проф. по физика Силвана Петрова. Ребека со својот сериозен пристап во подготвувањето, објаснувањето и изведувањето на експериментот го освои првото место од категорија на ученици од прва година ! И честитаме за освоената награда и и посакуваме уште многу понатамошни успеси !
Вие сте на: Home Настани Настани УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“