KoleNedelkovski.edu.mk

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

  • Популаризација на служење на воениот рок

    Денеска, претставници на Министерството за одбрана и офицери на Армијата на Република Македонија, пред учениците од завршните години извршија презентација на работата на Армијата на Република Македонија и популаризација на служењето на воениот рок.

  • Чествување на Патронот во с. Војница

Литературно читање на творби од конкурсот на тема: „Татковината во моето срце “

Литературно читање на творби од конкурсот на тема: „Татковината во моето срце “ и работилница на тема: „Ефикасна комуникација“, Старо Нагоричане, Кокино 15.11.2018 год.(четврток) Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 15.11.2018 год. (четврток) нашето училиште реализираше уште една заедничка активност со партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово. Учениците од двете партнер училишта заедно со одговорните наставници се сретнаа во Куманово и заедно се упатија кон „Татиќев камен“, место на чиј врв е поставена мегалитската опсерваторија Кокино. Таа е датирана во 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено времеа се протега на површина од 5000 квадратни метри. Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето. Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на карпите се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето. Потоа беше посетена црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане која зазема едно од најзначајните и највисоките места во историјата на средновековната византиска уметност во Македонија. Во непосредна близина на црквата се наоѓа испосницата – мала пештера во која живеел пустиножителот Прохор Пчински со кого е поврзана легендата за изградбата на црквата. Во младинскиот дом во Општина Старо Нагоричане беше одржана работилница за ефикасна невербална комуникација, а потоа беа прочитани трите наградени песни на литературниот конкурс „Татковината во моето срце“ и доделени благодарници на сите учесници на конкурсот и дипломи и скромни награди на наградените ученици: Чљирим Мисини - ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово, Мартина Димитриевиќ ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово и Ребека Манева - ССОУ „Коле Неделковски“ - Велес. Дружењето продолжи сo кратка прошетка во Куманово.
Вие сте на: Home Настани Настани Литературно читање на творби од конкурсот на тема: „Татковината во моето срце “