KoleNedelkovski.edu.mk

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

Конкурс за уметничка фотографија на тема: „ЗЛАТНА ЕСЕН“

Почитувани! По повод одбележувањето на патрониот празник на ССОУ „Коле Неделковски“, училиштето организира Конкурс за уметничка фотографија на тема „ЗЛАТНА ЕСЕН“. Ваша задача ќе биде да понудите уметнички фотографии кои би требало да прикажат фото моменти, снимени во секојдневни или несекојдневни прилки кои ве инспирирале да ги забележите преку фотографија. Фото моментите, можат да бидат снимени во природен или друг амбиент. Пораката која ја носи фотографијата треба да е поврзана со есента. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ за пријавување на фотографиите 1. Овој конкурс е отворен за сите ученици – основци и средношколци, љубители на фотографијата. 2. Фотографиите да се испраќаат во дигитална форма на е-mail адресата на училиштето: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 3. Фотографиите треба да бидат во JPG формат со резолуција од 300 dpi. 4. Името на секоја фотографија треба да биде назначено најпрво со името на авторот, па презимето, училиштето, годината на образование (одделение/клас) и на крајот со редниот број. Пример: ime_prezime_uciliste_oddelenie/klas_1.jpg; ime_prezime_uciliste_oddelenie/klas _2.jpg. 5. Авторите може да аплицираат со колор или црно бели фотографии. Максималниот број на фотографии е 3 (три) фотографии по автор. 6. Фотографиите е дозволено да бидат дигитално обработувани се додека во нив преовладува реалната сцена. Фотомонтажата е забранета. На предната страна на фотографиите не смее да има испишано име, псевдоним или каков и да е друг текст. 7. Со поднесување на фотографиите, авторот гарантира дека делото е негово и со тоа дозволува целото или било кој дел од делото да биде користено бесплатно за медиуми и било какви други потреби на изложбата, под ова се подразбира дека фотографиите можат да бидат објавени со ниска резолуција на веб страната на училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ (www.kolenedelkovski.edu.mk). 8. Во е-mail-от со кој конкурирате и ги поднесувате фотографиите задолжително да се напишат: Името и презимето на авторот Адресата на живеење Телефон за контакт 9. Оценувањето на фотографиите ќе го врши тричлена комисија. 10. Краен рок за испраќање на фотографиите е: 10.12.2018 година. 11. Известување на наградените: 12.12.2018 година. 12. Отварањето на изложбата и нејзиното претставување ќе биде во тек на втората половина на месец декември 2018 г. (напомена: сите учесници на конкурсот, ќе бидат дополнително известени од организаторот). За секакви дополнителни информации јавете се на е-mail адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака: Конкурс за уметничка фотографија.
Вие сте на: Home Настани Настани Конкурс за уметничка фотографија на тема: „ЗЛАТНА ЕСЕН“