KoleNedelkovski.edu.mk

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

РАКОМЕТНАТА ЕКИПА НА ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ УЧЕСНИК НА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО ВЕЛЕС

Во организација на Сојуз на училишен спорт – Велес, во периодот од 20 до 22 ноември оваа година се реализираше општинската лига – ракомет (машки) во која што учество земаа средните училишта од Велес. Натпреварите се организираат во Спортската сала “Гемиџии“. Под крајно не регуларни услови за игра екипа од страна на организаторот и делегатот на натпреварот екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ во продолжувањето два пати по пет минути во финалниот натпревар со СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ – Велес го освои второто на место на ниво на Општина Велес. Екипа на ССОУ “Коле Неделковски ја сочинуваа следните ученици: Тоше Јорданоски 3-2 клас, Давид Секуловски 1-6 клас, Драган Кимовски 3-5 клас, Кристијан Петров 4-3 клас, Никола Зазов 4-5 клас, Горан Крстевски 1-7 клас, Лазе Чаушевски 1-7 клас, Љупчо Гигов 1-7 клас, Никола Таневски 1-6 клас, Антонио Митревски 1-5 клас, Иле Димов 2-5 клас, Тоше Мартинов 2 -5 клас, Трајче Мазнев 1-4 клас, Петре Илиев 1-7 клас, Александар Митушев 1-8 клас и Ристовски Александар 1-8 клас. Екипата на нашето училиште ја предводеше наставникот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев.
Вие сте на: Home Настани Настани РАКОМЕТНАТА ЕКИПА НА ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ УЧЕСНИК НА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО ВЕЛЕС