Во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ во Велес на 30.11.2018 (петок) се одржа првио турнир во ОДБОЈКА (машки) за СРЕДНИ УЧИЛИШТА од зона ВЕЛЕС - регион ИСТОК. Во рамките на овој турнир земаа учество обојкарските екипи на: ССОУ “Коле Неделковски“ и СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ од Велес и екипата на СОУ “Гоце Делчев“ од Валандово. Во рамките на овој прв турнир беа постигнати следните резултати: ССОУ “Коле Неделковски“, Велес - СОУ “Гимназија Кочо Рацин“,Велес 2:0 СОУ “Гимназија Кочо Рацин“, Велес - СОУ “Гоце Делчев“, Валандово 2:0 ССОУ “Коле Неделковски“,Велес - СОУ “Гоце Делчев“, Валандово 2:0. Водачи на екипите беа за ССОУ “Коле Неделковски“, Велес - м-р Ангелче Гушев, СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ - Иле Попов и СОУ “Гоце Делчев“, Валандово - Зоран Јовановиќ Со двете победи на одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес таа е прва во зоната Велес - регион Исток. Натпреварите продолжуваат на вториот турнир во Валандово кој ќе се одржи на 7.12.2018 год.
Екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ Велес ја сочинуваа: Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов и Бобан Дукадиновски од 4-4 клас, Горан Славков 3-4 клас , Драган Кимовски 3-5 клас и Тоше Јорданоски 3-2 клас