KoleNedelkovski.edu.mk

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

  • Противпожарен квиз натпревар

    На ден 08.11. 2018 година во салата Бели Мугри во Велес под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес и проивпожарниот сојуз на Општината Велес се одржа 36-тиот Општински противпожарен квиз натпревар.

  • Посетата на Ветро паркот „Богданци"

    Согласно со Годишната програма за работа на Електротехничкиот актив при училиштето, Програмата за работа по наставните предмети Енергетски постројки и уреди и Практична настава, за образовниот профил Електротехничар енергетичар, денес (четврток 08.11.2018 г.),

  • Учество на тренинг обука “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“

    Фонадацијата Конрад Аденауер и Здружението ЛЕАД во со одобрување на МОН и БРО, во периодот од 15-16.10.2018 год., во хотелот “Фени“ во Кавадарци организираше семинар на тема “Зајакнување на капацитетите на наставниците задолжени за училишните заедници“, а воедно и на работа на зајакнување на ученичкото учество во процесите на донесување на одлуки во средните училишта.

ОДБОЈКАРИТЕ НА ССОУ “КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ – ВЕЛЕС ПРВИ ВО ОДБОЈКА ЗА МЛАДИНЦИ ВО ЗОНА ВЕЛЕС – РЕГИОН ИСТОК

Во спортската сала Филип II Македонски во Валандово на 7.12.2018 (петок) се одржа вториот турнир во ОДБОЈКА (машки) за СРЕДНИ УЧИЛИШТА од зона ВЕЛЕС - регион ИСТОК. Во рамките на овој турнир земаа учество обојкарските екипи на: ССОУ “Коле Неделковски“ и СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ од Велес и екипата на СОУ “Гоце Делчев“ од Валандово. Во рамките на овој втор турнир беа постигнати следните резултати: ССОУ “Коле Неделковски“, Велес - СОУ “Гимназија Кочо Рацин“, Велес 2:0, СОУ “Гимназија Кочо Рацин“, Велес - СОУ “Гоце Делчев“, Валандово 2:0 и ССОУ “Коле Неделковски“, Велес - СОУ “Гоце Делчев“, Валандово 2:0. Водач на екипите беа за ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес е професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев. Со максимални четири победи на двата турнири одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес таа е прва во зоната Велес - регион Исток. Со ова одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ ги продолжуваат натпреварите на регионалните натпревари кој ќе се одржат во второто полугодие од оваа учебна година. Екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ Велес ја сочинуваа: Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов и Бобан Дукадиновски од 4-4 клас, Горан Славков 3-4 клас , Драган Кимовски 3-5 клас и Тоше Јорданоски 3-2 клас.
Вие сте на: Home Настани Настани ОДБОЈКАРИТЕ НА ССОУ “КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ – ВЕЛЕС ПРВИ ВО ОДБОЈКА ЗА МЛАДИНЦИ ВО ЗОНА ВЕЛЕС – РЕГИОН ИСТОК