KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АВТОГАСНИ СИСТЕМИ ОД ФИРМАТА „ПЛИМОНТ“ - СКОПЈЕ

Денеска во училиштето, а по повод активностите околу прославата на Патрониот празник, беше извршена презентација на автогасните системи кои се вградуваат во моторните возила. Презенатцијата ја водеше г-дин Звонко Здравевски, задолжен за маркетинг во фирмата „Плимонт“. Тој во своето излагање се осврна на почетоците на примена на плинските уреди во моторните возила, предностите кои се добиваат со примена на втечнетиот нафтен гас како погонско гориво, различните системи кои се вградуваат во возилата (во зависност од начинот на вбризгување на горивото), примената на останатите гасни горива кај моторните возила (природен гас, водород) и друго. Плимонт е водечка компанија во областа на автогасните уреди, која со своите активности учествува со над 50% од овој сегмент на пазарот во Република Македонија. Основна дејност на компанијата е увоз, дистрибуција, вградување и одржување на автогасни системи. Автогасниот центар на Плимонт е комплетно опремен за дијагностика и сервисирање на автогасни системи и на моторни возила. Плимонт од 2004 година е дистрибутер и овластен сервисер за Италијанскиот производител на автогасна опрема, групацијата Landi Renzo S.p.A. Со својата работа компанијата Плимонт врши промовирањето на автогасот како еколошко и економично алтернативно гориво. Повеќе информации за компанијата „Плимонт“ можете да најдете на нивната веб страна: www.plimont.com.mk Училиштето и членовите на машинскиот актив изразуваат благодарност до компанијата „Плимонт“, а посебно до г-динот Звонко Здравевски за издвоеното време и укажаната чест да биде гостин на училиштето. Инаку, во изминатите години учениците од машинската струка во два наврати ја имаат посетено фирмата „Плимонт“, а се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.
Вие сте на: Home Настани Настани ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АВТОГАСНИ СИСТЕМИ ОД ФИРМАТА „ПЛИМОНТ“ - СКОПЈЕ