KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА

Во организација на ДФРМ,на 9.3.2019 год. со почеток во 10 часот,во пет региони,се реализира 52 Регионален натпревар по физика за учениците од основните и средните општински училишта, училиштата на град Скопје и приватните училишта во Република Македонија . Гимназијата „Сами Фрашери“ од Куманово беше домаќин на Регионалниот натпревар по физика,за учениците од средните училишта од општините од регион 1: Скопје, Куманово, Велес, Неготино, Кавадарци, Крива Паланка, Кратово и помалите места. Од нашето училиште се натпреваруваа Ребека Манева, Мартина Најдовска и Бојан Димовски, ученици од паралелка 1-6. Од вкупно 54 ученици - натпреварувачи во категорија од прва година,тројцата ученици ги постигнаа следните резултати: -Бојан Димовски, I награда ; -Ребека Манева, II награда; -Мартина Најдовска, III награда. Честитки до учениците за постигнатите резултати и им посакуваме голем успех и на Републичкиот натпревар,кој според утврдените датуми за натпреварите по физика ќе се одржи на 20.4.2019 год. на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Вие сте на: Home Настани Настани РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА