KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Гастрономски и ресторански натпревар

На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел. Натпреварите се одвиваа во неколку категории а нашите ученици се натпреваруваа во : Национално јадење на модерен начин - тимски дел, каде што имавме два тима: Тим 1 : Горјан Крстев IV - 7 Ненад Апостоловски IV - 7 2 место Диме Јорданов IV - 7 поддржани од Хотел Гарденија Tим 2 : Бобан Маневски III - 4 Горан Славков III - 4 2 место Даниела Мирчевска II - 4 поддржани од Хотел Романтик Индивидуално натпреварување - Паста каде имавме двајца учесници: Виктор Мирчевски IV - 7 поддржан од ресторан Етаж 3 место Александар Анастов II - 4 поддржан од Хотел Гарденија 4 место Учениците беа придружувани од двајца професори како ментори, Горан Богоевски и Влатко Панов. Натпреварувањето почна во 10.30 часот со тимскиот дел и понатаму се одржуваа сите други категории се до 17.30 кога беа прогласени победниците. Нашите ученици се покажаа во најдобро светло и двата тима во конкуренција на 12 тимови од Македонија и Косово освоија две втори места, натпреварувачите во индивидуална категорија освоија : Виктор Мирчевски 3 - то место а Александар Анастов 4 - то место. Натпреварувањето помина во пријателска и опшутена атмосфера, добро организирано со судии експерти во својата област. Учениците се покажаа со професионално држање, коректни и организирани во секој поглед. Јадењата кои ги подготвија беа одлично прифатени од судиите, а што е уште поважно од присутната публика. Кога ќе ги сумираме резултатите одлично искуство и дружење на учениците со свои врсници од другите училишта, повозрасни студенти, професори од средни училишта и факултети и судии готвачи шефови на кујни во реномирани угостителски објекти во Р. Македонија.
Вие сте на: Home Настани Настани Гастрономски и ресторански натпревар