KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ (машки) ги продолжи натпреварите во Државната лига за средни училишта – втор турнир

На 10.5.2019 год. (петок) одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес во спортската сала на ДУФК “ММ-Брицо“ во Скопје зема учество на вториот турнир на Државната лига во ОДБОЈКА за средни училишта во машка конкуренција. На Државната лига во одбојка учество земаа најдобрите шест екипи од Република Македонија и тоа екипите на: СОУ “Никола Карев“ Струмица, ДУФК “М.М. Брицо“ Скопје, СОУ “Н. Н. Борче Крушево“ , СОУ “Никола Штејн“ Тетово, ССОУ “Коле Неделкивски“ Велес и СОУ “Зеф Љуш Марку“ Скопје На натпреварите беа постигнати следните резултати: 1.ОСМУ"Никола Штејн" - Тетово 2:0 СОУ"Зеф Љуш Марку" - Скопје 2.СОУ"Никола Карев" - Струмица 1:2 ДУФК"М.М.Брицо" - Скопје 3.СОУ"Зеф Љуш Марку" - Скопје 0:2 СОУ"Н.Н.Борче" - Крушево 4.СОУ"Коле Неделковски" - Велес 2:0 ОСМУ"Никола Штејн" - Тетово 5.СОУ"Н.Н.Борче" - Крушево 1:2 ДУФК"М.М.Брицо" - Скопје Третиот турнир на Државната лига ќе се игра после 20 мај во Тетово. Водач на екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес е професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев. Екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ Велес ја сочинуваа: Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов и Бобан Дукадиновски од 4-4 клас, Горан Славков 3-4 клас , Драган Кимовски 3-5 клас и Тоше Јорданоски 3-2 клас.
Вие сте на: Home Настани Настани Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ (машки) ги продолжи натпреварите во Државната лига за средни училишта – втор турнир