KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Учество на трибина “Нашата волонтерска приказна”

20 ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес по повод 9 мај Денот на Европа земаа учество на трибина: “Нашата волонтерска приказна”. Волонтерството како активност беше во фокусот на денешното одбележување на 9. Мај, Денот на Европа, Во Општина Велес денес се организираше трибина под наслов “Нашата волонтерска приказна”, чија цел беше да се информираат младите околу можноста за волонтерската работа во нашиот град и во странство, но и за придобивките од членувањето во младинските организации како волонтери, како за нив самите, така и за целата заедница во која делуваат. Пред многубројните присутни, поголемиот дел од нив ученици од основните и средни училишта од Општина Велес, четворица говорници, искусни волонтери од Велес, преку мотивациски говори ја споделија својата приказна и стекнатото искуство што им помогнало преку волонтирањето да се изградат себе си и да израснат во подобри личности и станат професионалци во својата работа. Ангел Гушев од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ Велес, Анастасија Андовска од „Активо“, Ангел Киров од Организацијата на Црвениот Крст и Игор Смилев од еколошката групација „ Гринпауер“ споделија повеќе информации за тоа што значи да се биде волонтер, но и што значи да се биде дел од еден тим во една граѓанска организација.На трибината имаше претставиници, волонтери и од Мировниот корпус на Македонија, млади Американци кои волонтираат и живеат во Велес веќе две години. Тие го истакнаа значењето на младинскиот активизам и преку лични примери објаснија како тој може да им го промени животот на младите на подобро. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој е и самиот започнал како граѓански активист, во својот поздравен говор кон присутните, ја поддржа иницијативата за организирање трибина од ваков тип и испрати порака до сите млади за споделување и правилно насочување на своето слободно време кон нешта кои водат кон подобрување на средината во која живееме и делуваме. „ Вашето бројно присуство значи дека умеете да ги препознаете европските вредности и уште денес да ја видите иднината. Ве поканувам активно да се вклучите во сите волонтерските програми и активности. Најсреќните луѓе на светот не се оние кои најмногу земаат, туку оние кои најмногу даваат“ - истакна Коцевски во своето обраќање пред младите. Трибината е дел од проектот “Младински локални инцијативи” и е поддржан од Младиинфо преку европските фондови, а го реализираше тим од 9 млади велешани кој имплементира иницијатива за застапување во Велес, под името “Be the change”/Биди промената. Општина Велес останува отворена за соработка и поддршка на проекти, настани и иницијативи, слични на оваа, кои имаат за цел промоција на позитивни идеи, поттик за волонтирање, мотивирање и насочување на младите наши сограѓанки и сограѓани на вистинскиот пат кон подобри и посвесни граѓани на Велес и светот. Настанот беше збогатен со вокална интерпретација од ученици од ОУ „ Васил Главинов и Гимназијата „ Кочо Рацин“ под диригентската палка на професорката Веселинка Маџарова.
Вие сте на: Home Настани Настани Учество на трибина “Нашата волонтерска приказна”