KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Преставен концептот на ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ пред родителите и учениците девето одделенци.

Во основните училишта „Ј.Х.К. Џинот“ и „Благој Кирков“ и „Кирил и Методиј“ претставници од Германската стопанска комора, фирмите „БРАКО“ и „Маркарт“ и Директорот на ССОУ „Коле Неделковски“, г-дин Боро Ристовски извршија презентација на концептот на ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ пред родителите и учениците девето одделенци. Од учебната 2029/2020 година во ССОУ „Коле Неделковски“ се воведува нов образовен профил од машинска струка „Техничар за производно машинство“ кој ќе се изучува во текот на четири години. Со оваа квалификација се интегрираат знаења, вештини и компетенции од областа на современото машинство и информатиката. Наставниот план е направен по примерот на Германското дуално образованиекој овозможува зголемен број на часови за практична настава кои ќе се изведуваат во компаниите партнери. Теоретскиот дел е изработен по адаптирани наставни планови и програми според потребите на компаниите партнери и опфаќа исклучиво предмети во корелација со практичната настава. Учениците на крајот од четврта година ќе имаат можност да полагаат Државна матура со цел запишување на факултет, а оние ученици кои ќе се одлучат да не продолжат понатаму со своето школување ќе имаат можност да се вработат во компаниите каде се изведуваат практичните обуки за овој профил. Стручното обарзование се спроведува на две места - во компаниите и во стручните училишта. Кај оваа форма на образование концептот „УЧЕЊЕ ПРЕКУ ПРАКТИЧНА ОБУКА“ игра клучна улога. Системот на дуално стручно образование е еден од клучнитре фактори кои придонесуваат Гермнија да има најниска стапка на невработеност кај младите во Европа, а оваа успешна приказна може да се примени и во други земји!
Вие сте на: Home Настани Настани Преставен концептот на ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ пред родителите и учениците девето одделенци.