KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ (машки) го освои четвртото место во Државната лига за средни училишта во Република Мекедонија

На 22.5.2019 год. (среда) одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес во спортската сала на СМУ “Никола Штејн“ во Тетово зема учество на третиот турнир и завршен турнир на Државната лига во ОДБОЈКА за средни училишта во машка конкуренција. На Државната лига во одбојка учество земаа најдобрите шест екипи од Република Македонија и тоа екипите на: СОУ “Никола Карев“ Струмица, ДУФК “М.М. Брицо“ Скопје, СОУ “Н. Н. Борче Крушево“ , СОУ “Никола Штејн“ Тетово, ССОУ “Коле Неделкивски“ Велес и СОУ “Зеф Љуш Марку“ Скопје На натпреварите од третиот турнир беа постигнати следните резултати: СОУ “Зеф Љуш Марку“ (Скопје) 0:2 ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес) ДУФК “М.М. Брицо“ (Скопје) 2:0 СМУ “Никола Штејн“ Тетово СОУ “Н.Н. Борче“ Крушево 2:0 ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес) СМУ “Никола Штејн“ Тетово 0:2 СОУ “Никола Карев“ Струмица СОУ “Никола Карев“ Струмица 2:0 СОУ “Зеф Љуш Марку“ Скопје По овие завршни натпревари, конечниот завршен пласман е следен: 1.ДУФК “М.М. Брицо“ Скопје 10 бода 2.СОУ “Никола Карев“ Струмица 9 бода 3.СОУ “Н.Н. Борче“ Крушево 7 бода 4.ССОУ “Коле Неделковски“ Велес 4 бода 5.СМУ “Никола Штејн“ Тетово 3 бода 6.СОУ “Гим. Зеф Љуш Марку“ Скопје 0 бода Водач на екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес е професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев. Екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ Велес ја сочинуваа: Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов и Бобан Дукадиновски од 4-4 клас, Горан Славков 3-4 клас , Драган Кимовски 3-5 клас и Тоше Јорданоски 3-2 клас.
Вие сте на: Home Настани Настани Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ (машки) го освои четвртото место во Државната лига за средни училишта во Република Мекедонија