KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

ПРВ УПИСЕН РОК 17 и 18 ЈУНИ 2019 ГОДИНА!

 

Новина од идната учебна година е што сите постоечки образовни профили се реформирани, а во машинската струка започнува да се применува концептот на дуално образование преку еден образовен профил - Техничар за производно машинство. Карактеристики на овој образовен профил се:
Изведување на практична настава во соодветно опремена просторија под стручен надзор.
Обезбеден транспорт до претпријатието, топол оброк и соодветен паричен надоместок во деновите кога се изведува практичната настава.
По завршувањето на образованието, компанијата нуди можност за вработување на ученикот.
Можност за продолжување на образованието на факултет.
Дополнителен сертификат за завршено дуално образование по германски стандарди.

На идните средношколци истотака на располагање им се четири струки и тоа:

Електротехничка, со следните образовни профили:
-Електротехничар за компјутерска техника и автоматика,
-Електротехничар за електроника и телекомуникации,
-Електротехничар енергетичар

Машинска, со следните образовни профили:
-Машинско енергетски техничар,
-Машински техничар за моторни возила,
-Техничар за компјутерско управување,
-Машински техничар, 
-Автомеханичар,
-Заварувач.

Сообраќајна, со следниот образовен профил:
-Техничар за транспорт и шпедиција

Угостителска, со следните образовни профили:
-Келнер,
-Готвач.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА ПРВИОТ УПИСЕН РОК 17 и 18 ЈУНИ 2019 ГОДИНА!

Вие сте на: Home Настани Настани ПРВ УПИСЕН РОК 17 и 18 ЈУНИ 2019 ГОДИНА!