KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

Обука за Компјутерско 3D моделирање

100 6686 resize


Во деновите 14 и 15 Октомври во просториите на ДСЕМУ Ѓорги Наумов-Битола, а под покровителство на Центарот за стручно образование и обука – Скопје беше организирана обука  за Компјутерско 3D моделирање. На обуката присуствуваа 24 учесници од стручните машински училишта од Р.Македонија, меѓу кои и професорите Горан Бузалковски и Орданче Амбарков, професори по машински стручни предмети во ССОУ Коле Неделковски – Велес.

Со оваа обука професорите се стекнаа со знаења и вештини за формирање на призматични делови, формирање на ротациони делови, генерирање на модел со попречни пресеци, формирање на модел со распоредување на компоненти, линиски и кружно и печатење на изработени модели.  Софтверот кој се користеше за оваа обука е SolidWorks 2004. На вториот ден од обуката како гостин се појави и советникот за машински и сообраќајни училипшта, господинот Ридван Зеќири кој на сите учесници од обуката им врачи потврда за учество во обуката. На крајот, учесниците едногласно заклучија дека ваквите обуки се корисни за надградување на знаењата на професорите и дека не треба да се запре тука, туку да се продолжи и понатаму со организација на обуки, а советникот Ридван Зеќири рече дека Центарот за стручно образование секогаш ќе излезе во пресрет на барањата на професорите и дека ќе ги поддржува сите иницијативи за обуки и семинари од ваков вид.

100 6683 resize

100 6685 resize

100 6687 resize

100 6697 resize

100 6698 resize

100 6699 resize

100 6700 resize

100 6701 resize

100 6702 resize

 

Вие сте на: Home Настани Настани Обука за Компјутерско 3D моделирање