KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Учество на „Macedonia Manufacturing Expo 2019“

Во организација на Асоцијацијата на метална и електроиндустрија МАМЕИ и делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, денеска и утре ќе се одржи третиот Саем за лесна индустрија – „Macedonia Manufacturing Expo 2019“. На настанот учествуваат 100 компании производители, 33 компании купувачи и 15 директни странски инвестиции. Саемот го отвори Марта Наумова Грнарова, претседателка на МАМЕИ и директорот на делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс. Марта Наумовска Грнарова, претседател на МАМЕИ истакна дека тие како асоцијација пет години вложуваат во промоција на потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија. -Нашата мисија е да ги поврземе домашните производители од оваа индустрија со странски компании купувачи, да им го олесниме излезот на светските пазари. Резултатот од минатогодишната конференција се потпишани договори од околу половина милион евра. Сметаме дека ова е одлична бројка особено ако се земе во предвид дека станување добавувач на странска компанија е долгорочен процес. Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава, се согласи дека ова е еден од начините да се поврзат компаниите од земјава и регионот со потенцијални странски компании купувачи. Тој, смета дека ваквите средби ќе помогнат во развојот и на самите земји, но и на регионот во целина. Според него, особено важно е да се напомене дека покрај поврзувањето со регионални и странски компании е и обуката на стручен кадар кој се бара на пазарот на трудот. Тој, додаде, дека на тоа се работи и ќе им помогне и на компаниите за нивниот развој, но и на самите граѓани да бидат повработливи. Обраќање имаше министерот за економија Крешник Бектеши, Арбен Вила, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, заменик-амбасадорот на Холандија, Андри ван Менс и директорот на УСАИД, Едвард Гонзалес. На саемот за лесна индустрија – „Macedonia Manufacturing Expo 2019“ беше даден и краток преглед на имплементацијата на дуалното стручно образование и презентација на новите класови за дуално образование во Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид. На новата генерација на ученици им беа врачени ученички ранци како поттик за натамошно успешно учење. Настанот продолжи со две панел дискусии на кои беше преставен концептот на дуално образование од страна на приватниот сектор и пренесување на искуствата на учениците од практичната обука во компаниите. Училиштето „Коле Неделковски“ на настанот учествуваше со првата генерација на „Техничари за производно машинство“ кои во своето образование ќе ги користат придобивките на дуалниот систем на работа – теоретско оспособување во училиште и практична работа во компанија.
Вие сте на: Home Настани Настани Учество на „Macedonia Manufacturing Expo 2019“