KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

УЧЕСТВО НА XXII СИМПОЗИУМ ЗА СПОРТ И ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ НА МЛАДИТЕ

Во организација на Федерација на спортски педагози на Република Македонија во периодот 4-5 октомври 2019 година во хотел Дрим во Струга се одржа XXII Симпозиум за спорт и физичко образование на младите. Како партнери на Федерација на спортски педагози на Република Македонија во организација на овој симпозиум беа и Агенцијата за млади и спорт, Сојуз на спортски федерации, Македонски Олимписки комитет и Здружението “Аргументум“. На овој симпозиум како учесници од страна на ССОУ “Коле Неделковски“ беа професорите Леонид Таневски, Златко Здравковски и м-р Ангелче Гушев. Присутните на Симпозиумот ги поздрави и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Дарко Каевски, поранешниот премиер проф. Д-р Владо Бучковски и претседателот на ФСПМ , Гордан стојчевски. Основна тема на кој се работеше на симпозиумот беа: Состојби, предизвици и перспективи на физичкото образование, спортот и рекреацијата. Беа организирани и две работилници на следните теми: 1. Основни правни аспекти на спортот 2. Квалитетно физичко образование во основното образование: актуелни проблеми и можни решенија. Со следните поттеми: - Физичкото образование и спортот во образовниот систем - Компетенции, едукација и професионален развој на кадрите - Физичко образование и спорт за здрав и активен живот, активни заедници и промоција на здравјето - Холистички пристап и учење преку физичкото образование - Инклузивно физчко образование - Физичка подготовка и спортот во одбраната и безбедноста - Педагошки, психолошки и социолошки аспекти на физичкото образование, спорт и рекреацијата - Спортско право - Спортски менаџмент - Спортски туризам - Современи пристапи во спортскиот тренинг - Спортски повреди и рехабилитација. На овој Симпозиум беа присутни еминентни академски професори по спорт, кинезиологија и методика од Бугарија, Србија, Хрватска, Црна гора и Романија.
Вие сте на: Home Настани Настани УЧЕСТВО НА XXII СИМПОЗИУМ ЗА СПОРТ И ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ НА МЛАДИТЕ