Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието нашето училиште ССОУ„Коле Неделковски“- Велес во партнерство со ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово успешно ја реализираше третата активност од добиениот грант од МОН.
На оваа активност земаа учество вкупно 28 ученици од прва и втора година од двете училишта со мешан етнички состав, членови на тимот за училишна интеграција, родители
и одговорните наставници по спорт и спортски активности.
На работилницата со тема: „ Како да станеш успешен лидер “ учениците избраа крал и имаа можност да се искажат што очекуваат од избраниот крал, имаа слепо водење од лидер, диригент следење на лидер и зајакнување со имплус.
Потоа во парови ученици од мешан етнички состав играа различни спортски игри.
Дружбата заврши со кратка прошетка во Велес.