Денеска во Библиотека при ССОУ „Коле Неделковски“ беше одржан Поетски караван во чест на 52-те Детски Рацинови средби – Велес 2019. Гости беа поетите Веле Алексоски и Нада Алексоска, а присутни беа учениците од 2-7 клас и ученици - поети, љубители на убавиот пишан збор при ССОУ,,Коле Неделковски“ под водство на професорката по Македонски јазик и литература м-р Мариче Стојанова. Средбата ја организира Клубот на писатели: „Коста Солев Рацин“ од Велес.