KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Учество на натпревар за најдобар бизнис концепт за Средни училишта од Република Македонија

Во организација на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење – Скопје и ко-организаторите „Македонија 2025“ – покровител на настанот, Машински факултет – Скопје, Центар за развој на нови бизниси – УКИМ и Бирото за развој на образованието на 09.11.2019 (сабота) се одржа Натпревар за најдобар бизнис концепт за Средни училишта од Република Македонија. Училиштето во квалификациите учествуваше со два тима: 1 тим: "Print penguins" (Тоше Панов, Мартин Спирковски и Бошко Апостоловски од 4-5 клас) - со бизнис концепт за продавање на штампани материјали со брендиран дизајн или по желба на потрошувачот преку интернет продавница, и 2 тим: "Zephyr" (Мартин Голчев, Кире Џунџев, Кристијан Донов и Горан Атанасков од 3-1 клас) - со бизнис концепт на вертикална ветерна турбина. Ментори на тимовите беа Сашо Ѓоргов и Елена Јосифоска. Натпреварот се изведуваше на англиски јазик. После квалификациите (се избраа 16 тимови кои се натпреваруваа во полуфинале), тимот "Zephyr" го продолжи натпреварувањето против друг тим (борба во парови) по случаен избор. По пат на елиминација, тимот "Zephyr" го заврши натпреварувањето на 9-то место. Училиштето изразува благодарност до тимовите, менторите, професорите Горан Бузалковски, Јордан Палашев и Цветанка Ордевска кои помогнаа во подготовките на тимовите.
Вие сте на: Home Настани Настани Учество на натпревар за најдобар бизнис концепт за Средни училишта од Република Македонија