KoleNedelkovski.edu.mk

  • Прошетка низ Новогард

  • 8-ма ученичка размена со збратименото училиште „Станислава Стажица“ од Новогард, Р. Полска.

    Во петокот, замина осмата група на нашите најдобри ученици за Новогард, Република Полска. Им посакуваме среќен пат и убав помин.

  • Свечено отварање на „Маркарт Тренинг Центар“

  • Донација од фирмата „Маркарт“ за ССОУ „Коле Неделковски“

  • Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски од Велес, трети на Гимназијадата во Тетово

    Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција.

  • Фотографии од првиот ден од посетата на Будимпешта во рамките на меѓународната екскурзија за учениците од трета година

  • Интервју со гостите од Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

    Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес.

  • Пријателски натпревар помеѓу учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ и ООУ “Васил Главинов“

  • ДРЖАВНА УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ОДБОЈКА

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.

  • Презентација на иновации пред учениците од основните училишта во с. Горно Оризари и Чашка

  • Дружење и куглање

  • Прошетка на планината Витоша

  • 4 - ти ден од практичната настава

Учество во работилница на тема: „Превенција од злоупотреба на психоактивни супстанции“ и „Рана детекција на користење на психоактивни супстанции помеѓу училишната младина и интервенции за промена“

rabotilnica-psihotropni-supstanci

 


На 25 и 26. 10. 2011 година во Прилеп, под организација на Министерството за образование и наука на Република Македонија, здружението „ХОПС - Опции за здрав живот“ и Холандскиот институт за ментално здравје и едукација, беа одржани две работилници со следните теми:

1.    Превенција од злоупотреба на психоактивни супстанции.
2.    Рана детекција на користење на психоактивни супстанции помеѓу училишната младина и интервенции за промена.

На оваа работилница покрај претставниците од средните училишта од Прилеп и Крушево, активно учество имаше и училиште ССОУ „Коле Неделковски“ со своите претставници: Марија Сараулева наставник по машински стручни предмети и Катерина Стојадиновиќ наставник по сообраќајни стручни предмети.

Предавањата на овие работилници беа навистина интерсени и поткрепени со примери од секојдневниот живот. Се водеше дискусија за  системските техники и вештини при водење на разговор со ученик, раното препознавање на користење на психоактивни сусптанции, како да се иницира промена кај ученикот и  превенција од злоупотреба на психоактивни супстанци.
 
На крај сите присутни на обуката добија задолжение во своите училишта да изработат ПРОТОКОЛ за постапување при сомневање за злоупотреба и/или поседување на цигари, алкохол и други психоактивни супстанции.

100 2953

100 2954

100 2956

100 2959

100 2965

100 2967

 

Вие сте на: Home Настани Настани Учество во работилница на тема: „Превенција од злоупотреба на психоактивни супстанции“ и „Рана детекција на користење на психоактивни супстанции помеѓу училишната младина и интервенции за промена“