KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

Општински натпревар по математика

На ден 25.01.2020 год. во ССОУ „Коле Неделковски“ се одржа општинскиот натпревар по математика за средните училишта од општината. На натпреварот учествуваа вкупно 25 ученици од прва до четврта година.
На учениците и нивните ментори успешна работа и многу награди, им посака Директорката на училиштето Цветанка Ѓ. Панова.

Од прва година се натпреваруваа учениците: Дени Николовски ,Трајче Василевски и Мартин Михајловски со ментор Биљана Ивева.
Ученикот Трајче Василевски освои трета награда.Од втора година се натпреваруваа учениците: Бојан Димовски, Ангела Новачева, Сандра Илиевска, Јована Наумовска, Ѓорѓи Камчев со ментор Магдалена Иванова.
Учениците Бојан Димовски и Ангела Новачева освоија прво место.
Ученичката Јована Наумовска освои пофалница.Од трета година се натпреваруваа учениците Кире Џунџев со ментор Мира Ташкова, Ѓоре Јаневски и Теодор Ангелески со ментор Биљана Ивева.
Ученикот Теодор Ангелески освои трето место, а ученикот Ѓоре Јаневски освои пофалница.Честитки до учениците за постигнатите резултати на натпреварот. Истотака им посакуваме уште подобри резултати на регионалниот натпревар по математика.
Претседател на природно-математичкиот актив:
Магдалена Иванова
Вие сте на: Home Настани Настани Општински натпревар по математика