KoleNedelkovski.edu.mk

  • Фотографии од Гастрономскиот натпревар во Штип

  • Гастрономски и ресторански натпревар

    На ден 10.05.2019 година (Петок) на покана на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип се одржа гастрономски и ресторански натпревар наменет за ученици и студенти од средните угостителски училишта и факултетите за туризам од нашата држава. Учениците од ССОУ Коле Неделковски земаа учество во гастрономскиот дел.

  • На часот по иновации во ООУ „Благој Кирков“ - Велес

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“

 

Машинска струка
- машински техничар/машинско - енергетски техничар 45 минимум поени
- техничар за компјутерско управување/машински техничар за моторни возила 45 минимум поени
- техничар за производно машинство 55 минимум поени
- автомеханичар/заварувач 30 минимум поени

Електротехничка струка
- електротехничар за компјутерска техника и автоматика 55 минимум поени
- електротехничар за електроника и телекомуникации 50 минимум поени
- електротехничар-енергетичар 45 минимум поени

Сообраќајна струка
- техничар за транспорт и шпедиција 60 минимум поени

Угостителско - туристичка струка
- готвач/келнер 30 минимум поени

Условите за запишување на учениците се:
- да имаат завршено основно образование;
- да не се постари од 17 години;
- да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

*** Предмети што се од значење за струката:
Машинска, Електротехничка и Сообраќајна струка: Математика и Физика
Угостителско-туристичка струка: Биологија и Географија

**** Наставни предмети кои се задолжителни за сите струки:
Мајчин јазик и Странски јазик

- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавувања во месец јули.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават
на 18 јуни 2020 година.

*** ВАЖНО !
Датумите за упис на учениците (на пример: 16 и 17 јуни 2020 година) можат да бидат предмет на промена (заради ситуацијата со Корона вирусот), односно конечно ќе бидат дефинирани согласно препораките на Министерството за образование и наука.

Вие сте на: Home Настани Настани КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“