KoleNedelkovski.edu.mk

  • ПРОМОЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ - ТЕХНИЧАР ЗА ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО и ЗАВАРУВАЧ

    Учениците Кире Џунџев и Горан Атанасков ученици во образовниот профил „Техничар за компјутерско управување“ од машинската струка, денеска за време на престојот на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска направија програма со која го изгравираа нејзиното име со помош на едукативна ЦНЦ машина.

  • ПРОМОЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

    Со почитување на мерките за однесување во услови на панедмија, под мотото УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО во дворот на ССОУ „Коле Неделковски“ беше претставен новиот концепт на Дуално образование.

  • Посета и презентација на работата на фирмата АЦ Електрик Тек ДОО

  • УЧЕНИЦИТЕ ОД ДУАЛНАТА ПАРАЛЕЛКА ИЗБИРАА ПРЕТПРИЈАТИЕ КАДЕ ЌЕ ИЗВЕДУВААТ ПРАКТИЧНА НАСТАВА

    Денеска во училишниот двор, почитувајќи ги препораките за однесување во услови на пандемија, учениците од образовниот профил „Техничар за производно машинство“ остварија средба со претставници од Делегацијата на Германското стопанство во Република Северна Македонија и претставници од претпријатијата „Маркарт Македонија“ и „Брако“.

  • ССОУ „Коле Неделковски“ – Добитник на грант од МОН за Проект на МИМО

  • Доделени таблетите на учениците од семејства кои се во тешка социјална состојба.

  • Средба со учениците кои добија стипендија од Општина Велес

  • Учество на работилницата на тема: Искуствата и предизвиците со онлајн наставата по Физичко и здравствено образование и Спорт и спортски активности

  • Посета на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска и Директорот на Делегацијата на германско стопанство на Р.С. Македонија г-дин Патрик Мартенс

  • ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЧЕН И КВАЛИТЕТЕН КАДАР

  • Начин на однесување на учениците во услови на пандемија

  • Документи за работата на училиштето

  • ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛИШТАТА

ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЧЕН И КВАЛИТЕТЕН КАДАР

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, министерката за образование и наука, Мила Царовска и директорот на Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија, Патрик Мартинс денес ги посетија учениците во ССОУ „Коле Неделковски” кои посетуваат настава според моделот на дуално образование. „Имплементацијата на моделот на дуално образование придонесува за поквалитетен и стручен кадар, кој приватните компании лесно го препознаваат”, рече Министерката. Воедно таа најави дека се подготвува Законот за средно стручно образование. За учениците кои посетуваат настава по моделот на дуално образование во ССОУ „Коле Неделковски”, Царовска им подари училишни ранци и училишен прибор. Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија, Патрик Мартинс изрази задоволство што е во Велес и на учениците од ССОУ „Коле Неделковски” им посака успешна учебна година. „Научете ги техниките и моделот на ова образование и ќе имате одлична иднина”, порача Мартинс. Во поздравното обраќање, градоначалникот Коцевски ја истакна силната поддршка која Општина Велес ја дава за развој на овој тип на образование. „Минатата година со средства од општинскиот буџет беше реконструиран кровот на машинската работилница во ССОУ ‘Коле Неделковски’ во вредност од 50. 000, 00 евра. Иднината е во стручното образование. Учениците се стекнуваат со вештини, а потоа многу лесно ќе најдат работа на пазарот на трудот, посебно во странските компании кои инвестирале во нашата земја”, рече Коцевски. Седум општини и дванаесет компании во државата практикуваат дуално образование. На државно ниво 220 ученици во средните училишта посетуваат дуално образование, а 27 во Општина Велес. Моделот на дуално образование во Велес го поддржуваат приватните компании „Брако” и „Маркард Македонија”.
Вие сте на: Home Настани Настани ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЧЕН И КВАЛИТЕТЕН КАДАР