KoleNedelkovski.edu.mk

  • Посета на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска и Директорот на Делегацијата на германско стопанство на Р.С. Македонија г-дин Патрик Мартенс

  • ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЧЕН И КВАЛИТЕТЕН КАДАР

  • Начин на однесување на учениците во услови на пандемија

  • Документи за работата на училиштето

  • ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛИШТАТА

Посета на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска и Директорот на Делегацијата на германско стопанство на Р.С. Македонија г-дин Патрик Мартенс

На 22.10.2020 год. ССОУ „Коле Неделковски“ го посетија Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска, Директорот на Делегацијата на германско стопанство на Р.С. Македонија г-дин Патрик Мартенс со делегација и Градоначалникот на Општина Велес г-дин Аце Коцевски. Целта на посетата беше да се оствари средба со учениците кои оваа година се запишаа во прва година во образовниот профил Техничар за производно машинство, од машинската струка во дуалното стручно образование. Посетата беше искористена и за остварување на работни средби со преставниците на компаниите каде учениците реализираат практична настава, компаниите Брако и Маркард. „ Дури и во вонредни услови во кои се одвива образовниот процес оваа година, овозможивме учениците од средните стручни училишта да ја продолжат практичната настава. Секако, таа се реализира со посебни протоколи, со кои се гарантира нивната заштита“ изјави Министерката Царовска. Помеѓу другото таа истакна дека „Дуалното образование е успешен начин на градење на вештини потребни на пазарот на работна сила. По завршувањето на пандемијата, кај компаниите ќе биде поизразен недостигот на стручен кадар, а младите вклучени во дуалното образование ќе имаат најкус пат до вработување.„ Директорката Цветанка Ѓакова Панова го изрази своето задоволство дека и покрај вонредната состојба со КОВИД-19 и немање физичко присуство на ученици, во ССОУ „Коле Неделковски“ и оваа година има најмогу запишани ученици во прва година што е доволен показател дека учениците и родителите иднината ја гледаат во средното стручно образование. „Тоа што компаниите вклучени во процесот на дуално образование инвестираат во локалното образование го отвара патот на учениците за градење на нивната натамошна кариера токму во овие компании. Искористете ги сите предности кои ви се овозможуваат таму, научете ја нивната филозофија на работа, навлезете во производниот процес, стекнете се со практични знаења. Тоа ќе ви го отвори патот за градење на вашата кариера во рамките на професијата која ја изучувате“ - истакна Патрик Мартенс Директор на Делегацијата на германско стопанство во Република Северна Македонија. Министерката Царовска на учениците им додели ранци со училишен прибор. Заеднички беше ставот на сите присутни дека се очекува побрзо надминување на состојбата со пандемијата и нормализирање на реализацијата на целиот образовен процес.
Вие сте на: Home Настани Настани Посета на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска и Директорот на Делегацијата на германско стопанство на Р.С. Македонија г-дин Патрик Мартенс