KoleNedelkovski.edu.mk

  • Посета на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска и Директорот на Делегацијата на германско стопанство на Р.С. Македонија г-дин Патрик Мартенс

  • ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЧЕН И КВАЛИТЕТЕН КАДАР

  • Начин на однесување на учениците во услови на пандемија

  • Документи за работата на училиштето

  • ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛИШТАТА

Kонститутивна средба на ученичкта заедницата при ССОУ “Коле Неделковски“

Ученичката заедница на ден 10.11.2020 год. (вторник) одржa конститутивна средба на која се разгледуваа следните точки од дневниот ред:
1. Избор на раководство на Ученичката заедница;
2. Програма за работа на Ученчката заедница;
3. Значењето на Ученичката заедница во соработката со училиштето за успешна реализација на наставата со учење од далечина (on linе комуникација);
4. Вклучување на Ученичката заедница во тековните активности на училиштето (конкурси, натпревари, советувања, работилници);
5. Тековни прашања;
Во рамките на состанокот беше извршен избор на Претседател на ученичката заедница. За претседател беше избрана Даниела Димовска од 3-5 клас, за нејзин заменик беше избран Павел Шопов од 2-6 клас и за членови на раководството на зедницата Елена Алексова од 4-4 клас, Леонора Младеновска од 1-5 клас и Ангела Темелкова од 2-4 клас.
По втората точка беше презентирана и Програмата за работа за Ученичката заедница за учебната 2020 / 2021 и истата едногласно беше прифатена од сите присутни ученици.
Во продолжение на состанокот се празговараше и за значењето на Ученичката заедница во соработката со училиштето за успешна реализација на наставата со учење од далечина (on linе комуникација. Сите преставници на класните заедници се изјаснија дека немаат потешкотии во реализацијата на учењето од далечина или т.н. on linе комуникација.
Во рамките на четвртата точка преставниците на ученичката заедница се сложија дека треба сите наши ученици да се вклучат во тековните конкурси, натпревари, советувања, работилници каде што здравствените протоколи даваат можност со што училиштето ке биде презентирано на локално, регионало и државно ниво.
И на крај по тековни прашања се вклучи и училишниот педагог кој што во целост даде поддршка на работата на заедницата и како за крај на средбата Директорката Цветанка Панова Ѓакова ги поздрави сите присутни ученици на оваа ЗУМ средба и во целост ги поддржа сите заложби за кои разговаравме во погоре наведените точки и посака успешна работа на заедницата.
На овој состанок кој се одржа на ЗУМ платформата учество земаа 20 ученици. Средбата во целост ја модерираше и водеше одговорниот наставник за Ученичката заедница при училиштето, професорот Ангелче Гушев.
Вие сте на: Home Настани Настани Kонститутивна средба на ученичкта заедницата при ССОУ “Коле Неделковски“