KoleNedelkovski.edu.mk

  • ПРОМОЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ - ТЕХНИЧАР ЗА ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО и ЗАВАРУВАЧ

    Учениците Кире Џунџев и Горан Атанасков ученици во образовниот профил „Техничар за компјутерско управување“ од машинската струка, денеска за време на престојот на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска направија програма со која го изгравираа нејзиното име со помош на едукативна ЦНЦ машина.

  • ПРОМОЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

    Со почитување на мерките за однесување во услови на панедмија, под мотото УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО во дворот на ССОУ „Коле Неделковски“ беше претставен новиот концепт на Дуално образование.

  • Посета и презентација на работата на фирмата АЦ Електрик Тек ДОО

  • УЧЕНИЦИТЕ ОД ДУАЛНАТА ПАРАЛЕЛКА ИЗБИРАА ПРЕТПРИЈАТИЕ КАДЕ ЌЕ ИЗВЕДУВААТ ПРАКТИЧНА НАСТАВА

    Денеска во училишниот двор, почитувајќи ги препораките за однесување во услови на пандемија, учениците од образовниот профил „Техничар за производно машинство“ остварија средба со претставници од Делегацијата на Германското стопанство во Република Северна Македонија и претставници од претпријатијата „Маркарт Македонија“ и „Брако“.

  • ССОУ „Коле Неделковски“ – Добитник на грант од МОН за Проект на МИМО

  • Доделени таблетите на учениците од семејства кои се во тешка социјална состојба.

  • Средба со учениците кои добија стипендија од Општина Велес

  • Учество на работилницата на тема: Искуствата и предизвиците со онлајн наставата по Физичко и здравствено образование и Спорт и спортски активности

  • Посета на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска и Директорот на Делегацијата на германско стопанство на Р.С. Македонија г-дин Патрик Мартенс

  • ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЧЕН И КВАЛИТЕТЕН КАДАР

  • Начин на однесување на учениците во услови на пандемија

  • Документи за работата на училиштето

  • ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛИШТАТА

ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛИШТАТА

Федерацијата на Спортските Педагози на Република Македонија на 25 септември го организира “Европскиот Ден на Спортот во Училиштата“ #ESSD2020. На креативeн начин во услови на пандемија се организираа физички активности кај децата и училишната младина за да се поттикне забава, благосостојба, задоволство од физичката активност која е пред се во функција на превенција и унаредување здравјето. Оваа година по шести пат се организираше Европскиот ден на спортот во училиштата, како предводник на #BeActive „Европска недела на спортот“. Минатата година беа вклучени 90.000 училишта од 44 држави со активни 3 милиони училишни деца во 120 минутна физичка активност. Настанот беше координиран од Унгарската Федерација на Училишен Спорт во соработка со “Европската асоцијација за физичко образование“, “Младински спортски труст интернешнл“,“Меѓународното здружение за спорт и култура“, „BG Be Active“ и “V4Sport“ и “Националните координатори во повеќе од 33 земји“.
Настанот беше креиран со 120 минутна физичка активност и он-лине дружење во нашата држава. Активностите се реализираа на два начина: 1. со физичко присуство во училишните дворови и игралишта и 2. онлајн физичките активности на далечина каде што во живо со стриминг се пренесуваа на социјалните мрежи. Симултаните сесии на физички активности беа пренесувани во живо низ цела Европа од страна на Националните координатори од сите земји учеснички.
На оваа активност учество земаа и професорите по спорт и спортски активности при ССОУ “Коле Неделковски“ Велес, Ангелче Гушев, Леонид Таневски и Златко Здравковски.
Вие сте на: Home Настани Настани ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛИШТАТА