KoleNedelkovski.edu.mk

  • УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ (E-LEARNING)

  • Посета на средновековниот замок во Велење

  • Прошетка во Велење

  • Активности во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот

    Учениците од угостителската струка кои изведуваат практична настава во хотелот „Кампаниле“ во Барселона, Шпанија, имаа слободен викенд кои го искористија за прошетка и разгледување на градот.

  • Италијанска вечер приготвена од учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“

  • Презентација на работата на машинската и елетротехничката струка

    Во рамките на активностите со кои се прославува Патрониот празник на училиштето денеска учениците од машинската и електротехничката струка се преставија пред деветто одделенците од градот со свои креации кои ги подготвија во рамките на практичната и теоретската настава.

  • СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

    Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 10.12.2018 год. (понеделник) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ од Велес и “Даме Груев“ од Градско. Учениците од прва година при нашето училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во кошарка и футсал во машка конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер.

  • Квиз натпревар „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“

    Во рамките на одбележување на патронатот на училиштето на 03.12.2018 год. се одржа квиз по природни науки „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“.

  • ПОСЕТА НА МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА „БРАКО“

    Учениците од машинската струка, од образовниот профил машински техничар (4-2 клас), денеска ја посетија металната индустрија „БРАКО“.

  • ПРВА УЧЕНИЧКА ЗАБАВА

  • УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВО СВЕТОТ НА ФИЗИКАТА“

    На ден 10.11.2018 год., Друштвото на физичарите на Република Македонија во соработка со „Скопје Сити Мол“ , ја реализира 42-та Школа „Млади физичари“.

  • Посета на Археолошкиот локалитет Стоби и Музејот на Албанската азбука во Битола

    Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 09.11.2018 год. (петок) беше реализирана заедничка активност помеѓу учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ и учениците од партнер училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово:

Претприемништвото во формалниот образовен систем во Република Македонија

 

pretpriemnistvo

На 08.11.2011 година во Хотелот „Александар Палас“ во Скопје под покровителство на Претседателот на Република Македонија Д-р. Ѓорге Иванов се одржа конференцијата под наслов „Претприемништвото во формалниот образовен систем во Република Македонија“.

На конференцијата беа поканети директорите на средните училишта и сите професори кои го предаваат предметот „Бизнис“. Од ССОУ „Коле Неделковски“ учество земаа професорите: Ѓоргов Сашо, Трајко Ајтов, Елена Јосифоска, и Ристовски Боро. За време на конференцијата се формира Национална мрежа за претприемничко образование.

На конференцијата учество земаа:
•    Амбасадорот на Република Австрија: г-дин д-р Алојз Краут
•    Министерот за економија г-дин: Ваљон Сараќини
•    Министер за образование и наука: г-дин Панче Кралев и
•    Претседателот на Република Македонија г-дин д-р Ѓорге Иванов

За претприемништвото во високото образование говореа:
•    Проф. д-р Енди Пеналуна, Раководител на британската мрежа за претприемачко образование кој ги пренесе искуствата од Обединетото Кралство во претприемачкото образование.
•    Г-ѓа Маја Љубиќ од центарот на југоисточна Европа за претприемачко учење (SEECEL)

На конференцијата беа презентирани модерните техники и методи за предавање на претприемништвото со фокус врз средното образование. Презентери беа:
•    Г-ѓа Маја Љубиќ, Центар на југоисточна Европа за претприемачко учење (SEECEL), Искуството на SEECEL во средното образование и
•    Г-ѓа Тања Јовановска, Г-дин Горан Исјановски, Развивање на услуга и маркетингот – важен елемент во бизнис планот.

Фотогалерија: Претприемништвото во формалниот образовен систем во Република Македонија

Вие сте на: Home Настани Настани Претприемништвото во формалниот образовен систем во Република Македонија