Литературно читање на дела од англиската книжевност и литература
По повод Патрониот празник на училиштето, на ден 14.12.2020, се одржа литературно читање на дела од англиската книжевност и литература. Поради пандемијата со Ковид 19, настанот беше од ревијален карактер, со онлајн учество на ученици од училиштето, кадешто беа читани дела од разни автори од англиското говорно подрачје, како Maya Angelou, Edgar Allan Poe, George Gordon Byron, Sylvia Plath, William Blake, William Wordsworth, John Keats и Dylan Thomas.
Без исклучок, сите ученици се преставија во одлично светло, донесувајќи ги читаните дела на свој начин и со сопствена емоција. На настанот земаа учество учениците:
Јордан Бачманов I-7,
Христијан Андовски II-6,
Андреј Андреев II-6,
Александар Андов III-4,
Даниела Димовска III-5,
Бојан Димовски III-6,
Александра Анѓеловиќ IV-4,
Нела Андева IV-4 и
Елена Алексовска IV-4.
Упатуваме голема благодарност до сите учесници.