Нови ученици кои се вклучија во активностите на предизвикот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија
Реализирајќи ја програмата за прва и трета година по предметот спорт и спортски активности според новата наставна програма со учење од далечина (on-line комуникација) во учебната 2020/2021 година учениците од прва и трета година Александар Ристевски, Никола Таневски, Трајче Мазнев, Богдан Проданов, Мартин Жабев, Ристе Јованов и Ефтим Калешков од ССОУ “Коле Неделковски“, се приклучија кон предизвикот од Федерацијата на училишен спорт на Македонија. Вежбаме, се релаксираме и забавуваме, под менторство на професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев. Ке го продолжиме преставувањето на нашите ученици кои ги претставуваат своите спотско-рекреативни активности на ПРЕДИЗВИКОТ на ФУСМ во време на пандемија на Ковид 19. Сите активности се преставени на официјалната ФБ страна на Федерацијата.