KoleNedelkovski.edu.mk

  • Посета на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска и Директорот на Делегацијата на германско стопанство на Р.С. Македонија г-дин Патрик Мартенс

  • ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЧЕН И КВАЛИТЕТЕН КАДАР

  • Начин на однесување на учениците во услови на пандемија

  • Документи за работата на училиштето

  • ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛИШТАТА

Одржано поетско читање од литературниот конкурс на тема: „Силата на зборот“ по повод патрониот празник на ССОУ „Коле Неделковски“

Денеска, 18-ти Декември 2020 година, беше одржано Поетско читање на апликацијата ZOOM, по повод патрониот празник на училиштето. Наградените ученици ги прочитаа своите наградени творби пристигнати на Литературниот конкурс со тема „Силата на зборот“. Комисијата во состав: Валентина Шкрекова, Ивана Јанушева, Анита Мечкарова и м-р Мариче Стојанова, се одлучи да ги награди следните ученици:
Категорија: средно образование
1 место
Бојан Димовски од 3-6 клас, ССОУ „Коле Неделковски“ со ментор Ивана Јанушева
2 место
Деспина Миланова II-2 клас, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ со ментор: Цветанка Карамаркова
Наталија Купенкова IV-1 клас, ССОУ „Димитрија Чуповски”, со ментор: Верица Николова
3 место
Георгина Стојмановска II-9 клас, ССОУ „Наце Буѓони“ – Куманово, со Ментор: Лидија Цветкова
Категорија: основно образование
1 место
Кристина Купенкова 9-5 одд., ООУ „Блаже Конески“ со ментор Стефани Андреевска
2 место
Искра Јосмова, VI одд., ООУ „Св. Кирил и Методиј“, со ментор Анита Мирчева
Шалиќ Алмиса 9 одд., ООУ „Рајко Жинзифов” – с.Оризари, Велес со ментор: Менка Андреева
3 место
Леа Богоевска 9 одд. ООУ „Васил Главинов“ со ментор: Каролина Попова и
Симона Пасламушкова 9-а одд., од ООУ „Кирил и Методиј“ со ментор: Маја Јовановска
Се надеваме дека сите присутни се чувствуваа гордо поради својата наградена креативност. Останаа да сведочат зборовите, да се употребува силата на зборот правилно и секогаш бидеме горди на своето знаење, зошто тоа е основата патека во животот. И овојпат учениците и нивните ментори докажаа дека „Силата е во зборот“ а моќта е неговата основна човекова мисла.

Вие сте на: Home Настани Настани Одржано поетско читање од литературниот конкурс на тема: „Силата на зборот“ по повод патрониот празник на ССОУ „Коле Неделковски“